РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Најважни ни се тие три бода, потоа ќе размислуваме за следните предизвици

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на септември ја очекуваат два важни натпревари – прво пријателскиот дуел против Саудиска Арабија (4 септември во Прага), а потоа и квалификацискиот меч за Светското првенство 2026 против Лихтенштајн (7 септември, Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје).

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие средби, а на него се најдоа и двајца дебитанти – Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од швајцарски Тун.

„Рамадани со своите игри за Шкендија во европските купови сам се наметна и сметаме дека може многу да придонесе во средниот ред. Растодер игра одлично во Швајцарија и веруваме дека ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот,“ истакна Милевски.

На списокот овојпат ги нема Ашковски, Манев и Бојан Димовски поради ситуацијата со нивните клубови, а од составот отсуствува и Агон Елези поради повреда на рамото. „Се надевам дека наскоро ќе се стабилизираат и повторно ќе бидат дел од националниот тим,“ додаде селекторот.

Милевски најави дека контролниот меч со Саудиска Арабија ќе биде искористен за тестирање на нови тактички замисли и давање шанса на повеќе играчи, додека квалификацискиот дуел со Лихтенштајн ќе биде од исклучителна важност.

„Тоа е можеби најважниот меч за нас во овие квалификации. Имаме респект за противникот, но мора да бидеме подготвени и да го дадеме максимумот. Најважни се тие три бода, а потоа ќе размислуваме за октомвриските предизвици,“ порача Милевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!