Втора лигаФудбал

Кои играчи во Втора лига имаат најмногу жолти картони?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Анализа на Спортска Мрежа за тоа кои играчи во Втората лига во моментот имаат најмногу жолти картони.

Петар Обадиќ од екипата на Вардар Неготино има пет жолти картони, а тоа ќе значи дека следниот меч Обадиќ ќе го пропушти поради пет жолти картони.

Неколку фудбалери имаат добиено четири жолти картони и мораат да бидат внимателни бидејќи при следниот жолт картон ќе им следи одмор од еден меч.

Стојче Стојов и Марио Симоски од Осогово имаат по четири жолти картони, Наумче Бакрачески од Охрид, Милан Чичевски од Борец, Махир Ајрули од Каменица Саса и Ангел Кочев од Кожуф имаат по четири жолти картони.

При следен жолт картон на еден од овие фудбалери ќе значи и одмор од еден меч поради пет жолти картони.

Четири жолти картони има и сега веќе екс тренерот на Победа, Јане Николоски.

„Фудбалерот или службеното лице на клубот кое добило (5) пет жолти картони, ќе ја издржи автоматската казна забрана на играње/ вршење на функција од еден натпревар во следното коло“, се вели во член 38, став 2 од пропозициите за Втората македонска фудбалска лига.“

Многу фудбалери имаат по три жолти картони во Втората лига, па така од Башкими по три жолти картони имаат Алпај Јусуф, Борјан Пановски, Самет Реџепи и Хебиб Саити, од Вардар Неготино тоа е Оливер Тодоров и тренерот на тимот Горан Тодорчев.

Од Осогово тоа е Никола Стоиловски, од Охрид фудбалерите Сашо Дуков и Филип Ѓоргоски. Од Новаци три жолти картони има Андреј Петкоски, од Арсими тоа е Арлинд Алити, од Беласица се тројца фудбалери Марио Дебрешлиоски, Мирче Стоилов и Зак Кочанковски.

Од Борец по три жолти картони имаат Стојан Петковски, Јосиф Манасиев и Стефан Филиповски, од Брегалница тоа се Иван Галевски, Иљаз Чиљафи и Џихан Адили, а пак од Вардарски со три жолти картони е Христијан Бејков.

Три жолти картони има Лука Трајкоски од Детонит Плачковица, Дамјан Ќосески од Каменица Саса, Александар Ѓорѓиески, Никола Најдовски и Филип Ѓорѓиевски имаат по три жолти картони, а толку има и тренерот на Кожуф, Филип Деспотовски.

Христијан Кукески и Димитар Шаркоски од Победа имаат по три жолти картони, а три жолти има и Мргим Дани од екипата на Скопје.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!