Ракомет

Ресен доби нов ракометен клуб – се формира ГРК Преспа

Сподели
Сподели

Ресен од оваа сезона ќе има нов ракометен претставник – ГРК Преспа, клуб кој е резултат на фузијата помеѓу СРК Преспа Вардар и Младост Ресен. Новоформираниот тим ќе се натпреварува во Првата лига, со амбиција да ја врати ракометната традиција на градот на високо ниво.

Според претседателот Александар Крстевски – Пента, обединувањето на двата клуба е стратешки потег за развој на ракометот во Преспа и создавање на посилен и поконкурентен тим.

Во новата клупска управа покрај Крстевски се наоѓаат и Николче Даскаловски, Никола Ставревски, Дејан Петровиќ и Дане Ѓоргиевски, луѓе кои имаат заедничка цел – да го вратат ракометот во Ресен на старите патеки на успех.

Ресен е град со богата ракометна историја и кадар кој низ годините создавал бројни врвни играчи, а Преспа Јафа Промет, како некогашен шампион, беше првиот клуб од овој регион кој избори настап во групната фаза од Лигата на шампионите.

Со создавањето на ГРК Преспа, љубителите на ракометот во Преспа повторно добиваат причина за гордост, а клубот влегува во нова ера со јасна цел – враќање на ресенскиот ракомет на големата сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!