Ракомет

ФОТО: Вардар го совлада Тримо и му овозможи финале на Еурофарм Пелистер!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 славеа важна победа над Тримо Требње со 32-30 на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со овој триумф, вардарци обезбедија пласман во мечот за третото место, но истовремено му направија голема услуга на својот најголем ривал, Еурофарм Пелистер, кој со тоа доби шанса да се бори за трофејот во финалето.

Словенечкиот тим подобро го започна натпреварот и на почетокот лесно ја пробиваше одбраната на Вардар, поведувајќи и со четири гола предност. Вардарци имаа проблеми во нападот и примаа лесни голови, па на полувремето се замина со водство на Тримо од 16-15.

Второто полувреме донесе сосема поинаков Вардар. Со головите на Талески, Хориха и Боно, скопскиот клуб презеде контрола врз играта и успеа да се одлепи на 29-25. Сепак, Словенците не се предаваа – со серија на Цингесар и Мајсторовиќ се вратија на само гол негатива (31-30) во завршницата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Клучниот момент го реши пивотот Јанковски, кој погоди во последната минута за 32-30, а Тримо не успеа да реализира во својот последен напад.

Со оваа победа, Вардар ќе игра за третото место на турнирот, а Еурофарм Пелистер доби голема шанса да се бори за титулата во финалето.

ФОТО: Спортска Мрежа

Турнирот „Крсте Андоновски“ продолжува со возбудливи пресметки, а ракометната публика во Охрид ќе има можност да види уште едно големо дерби во завршницата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!