Ракомет

ТАБЕЛА: Охрид и Алкалоид се максимални, неизвесно ќе биде за место во плеј-офот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По шест одиграни кола во ракометната Суперлига на Македонија, на врвот од табелата со по максимални 12 бодови се Охрид и Алкалоид. Двете екипи тргнаа одлично во новата сезона со максимални шест од шест.

Вардар е на третото место со 10 бодови, колку што има и шампионот Еурофарм Пелистер кој е пак четврти на табелата.

Бутел има шест бодови и се наоѓа на петтото место на табелата, а пак по пет бодови имаат Тиквеш кој е на шесттото место и Прилеп кој е на седмото место. Таман на границата за плеј-оф односно плеј-аут.

Пролет со четири бодови е осми, колку што има и Куманово кој е деветти, а пак Бисинов како десеттопласиран има два бодови, како и Струга која е претпоследна.

Засега без бодови и понатаму е Радовиш кој е на дното од табелата.

  • КАКО ИЗГЛЕДА ТАБЕЛАТА ПО ШЕСТ КОЛА:

Во следното коло Бисинов на домашен терен ќе го пречека апсолутниот фаворит Алкалоид кој во Велес доаѓа повеќе од јасно да одигра меч и лесно да ги освои трите бодови.

Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека непоразениот лидер Охрид, во меч каде шампионот ќе биде на вистински тест против „гладијаторите“ кој играат допадлив ракомет.

Прилеп на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Вардар, каде прилепчани одат по изненадување против поранешниот двократен европски шампион.

Струга на домашен терен ќе се соочи со Радовиш во меч каде стружани ќе сакаат втора сезонска победа, а пак Радовиш покрај езерото ќе ги бара првите бодови.

Тиквеш во Кавадарци го пречекува тимот на Бутел каде двата бодови ќе биде императив и за двете екипи во трката за место во плеј-офот.

Пролет на домашен терен ќе се соочи со Куманово во можеби и најнеизвесниот меч како тој во Кавадарци каде ќе двете екипи ќе ги бараат бодови особено домаќинот во обид да стигне до место за влез во плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!