Ракомет

Легендата Пепи Манасков на клупата на Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: РК Вардар Неготино
Сподели

Ракометната легенда на Македонија, Пепи Манасков, ќе ја предводи екипата на Вардар Неготино во новата сезона во Првата лига. Искусниот стратег и раководството на клубот постигнаа договор, а подготовките за новата сезона веќе започнаа.

Неготинци имаат јасна цел – камбек во Суперлигата, каде што настапуваа пред две сезони. Поголемиот дел од носителите на играта остануваат во тимот, што е охрабрувачка вест за Манасков. Клубот е во преговори и со неколку нови засилувања, кои ќе бидат промовирани во наредниот период.

Во тренерската кариера Манасков најдолго работеше во Вардар Јуниор (2013–2019), а беше и на клупата на Куманово, Работнички и младинските категории на Алкалоид. Помошник тренер во Вардар Неготино ќе му биде Ратко Велјанов.

Првата лига започнува на 13/14 септември, а во првото коло Вардар Неготино ќе гостува кај Овче Поле во Свети Николе.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!