Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Илиевски разочаран по поразот од Романија: „Синдром на самоуништување“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз (72:80) ги стартуваше претквалификациите за Светскиот Куп 2027, откако во Куманово беше поразена од селекцијата на Романија.

По натпреварот, селекторот Марјан Илиевски не го криеше разочарувањето од исходот:

„Искрено жалам за поразот, особено бидејќи мечот се реши во последните две минути. Натпреварот беше егал, но неколку изгубени топки и промашени отворени шутеви го свртеа резултатот во корист на гостите“, изјави Илиевски на прес-конференцијата.

Тој посочи дека и покрај критиките за изборот на шутевите, ќе продолжи да им дава поддршка на играчите во таквите одлуки.

„Можеби некој ќе праша зошто зедовме брзи шутеви, но тоа беа отворени обиди и секогаш ќе ги поддржувам моите кошаркари кога од кошаркарски аспект одлуката е оправдана.“

Голем проблем, според него, биле 25-те примени поени од втора шанса:

„Тоа е премногу. Знаевме дека физичкиот аспект ќе биде наш проблем, но не успеавме да ги запреме Романците.“

Селекторот се осврна и на подготовките:

„Првите два контролни меча во Гевгелија беа затворени за јавноста, се обидовме да ги заштитиме нашите анализи, но сепак Романците дојдоа подготвени за сите наши напади. Тоа е особено разочарувачки за мене.“

На крај, Илиевски посочи и на проблемот со статусот на нашите играчи во нивните клубови:

„Ако овие играчи се носители на играта во нашата репрезентација, а повторно имаат епизодна улога во своите клубови, тогаш тоа е сериозен проблем.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

1 минута спортски вестиВтора женска фудбалска лигаФудбал

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе започне на 27 септември 2026 година, а во сезоната 2026/27 ќе настапат вкупно осум...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!