ФудбалФутсал

Осогово домаќин на Кеги Моби, Проект гостува кај Црна Река, Бутел против Клими

Сподели
ФОТО: Кмф ,,Осогово 2022" Крива Паланка
Сподели

Утре ќе се комплетира првото коло од новата сезона од Првата футсал лига со четири натпревари, откако истото беше отворено вчера со убедливата победа на шампионот Форца од 11:1 над Железарец за што информираше Спортска Мрежа со извештај за воведниот натпревар.

Осогово во Крива Паланка ќе се соочи со екипата на Кеги Моби од Велес, во меч кој ќе започне во 18:30 часот, а пак повратникот во елитата Јувентус Серава на домашен терен ќе игра против Шкупи, каде се очекува дерби меч за трите бодови. Натпреварот ќе започне во 18:30 часот.

Црна Река во Кавадарци ќе го пречека повратникот Проект, кој лани како шампион во Втората лига експресно се врати во Првата футсал лига. Трите бодови се императив и за двете страни. Мечот ќе стартува во 19 часот.

Бутел на домашен терен ќе игра против Клими од Кавадарци, во неизвесен меч каде и двете екипи ги посакуваат трите бодови. Натпреварот ќе започен во 20:45 часот

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!