Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ја совлада Бугарија во првиот контролен натпревар во Софија!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа против селекцијата на Бугарија со 3:0 во сетови (26:24, 25:23, 25:16) на првиот пријателски натпревар одигран во салата „Левски“ во Софија. Средбата беше дел од подготовките за претстојните европски квалификации кои започнуваат на почетокот на следниот месец.

Натпреварот се одигра зад затворени врати, а бугарската репрезентација настапи во проширен состав. По договор меѓу селекторите, беше одигран и дополнителен четврти сет кој, исто така, ѝ припадна на Македонија со резултат 25:22.

Селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите играчи кои ги имаше на располагање. Македонските одбојкари прикажаа дисциплинирана и организирана игра, што е уште една потврда дека десетдневниот подготвителен циклус во Маврово дава резултати и тимот е на добар пат во пресрет на официјалните натпревари.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 17 поени, додека Филип Савовски запиша 11, а Александар Љафтов 10 поени. Одлична поддршка дадоа и Владо Милев, Филип Маџунков и Стојан Илиев со по 7 поени.

Вториот контролен дуел меѓу Македонија и Бугарија ќе се одигра утре (среда) со почеток од 12:00 часот повторно во салата „Левски“ во Софија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде и денес нашите арбитри ќе бидат дел од меѓународните натпревари....

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со втор пораз во Таранто, Косово славеше со 1:3

Женската сениорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Медитеранските...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!