Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново со нова висока победа, Еуромилк ГЛ преку пенал го доби Аеродром, бод за Куманово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во Трета лига – Север денес се одиграа натпреварите од четвртото коло. Екс второлигашот Кадино на домашен терен го пречека тимот на БВК Коњаре каде гостинот забележа победа од 1:2. Шакири и Бишевац беа стрелци за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Николовски погоди за конечните 1:2.

Риниа на свој терен играше со новиот третолигаш Њу Старс каде забележа победа во меч со пет гола за 3:2. Марко Киш си постигна автогол, а со тоа Риниа имаше предност, а во финишот на првиот дел Киш даде гол за 1:1. Во второто полувреме гостинот преку Петревски дојде и до водство од 1:2, но во финишот на мечот Риниа преку Исмаили и Таири дојде до победа преку пресврт од 3:2.

Башкими Љуботен се соочи со шампионот Куманово, каде исходот беше реми (1:1). Во првиот дел немаше погодоци, а во второто полувреме Нусрет Курти во 52. минута погоди за 1:0, а во 80. минута Кристијан Златковски постигна гол за конечни 1:1.

Новиот третолигаш Пчиња како домаќин имаше тежок меч против големиот фаворит Шкендија од Арачиново каде фаворитот однесе нова победа од 0:3. Еркан Шаип во 16. минута погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Дарио Десниќ во 60. минута зголеми на 0:2, додека пак Џавид Мамути погоди во 90. минута за конечни 0:3.

Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ на домашен терен како фаворит го пречека Аеродром, во меч каде домаќинот само со минимални 1:0 славеше со голот на Томче Павловски во 38. минута и тоа од пенал.

Фортуна играше со Академија Илинден каде Орхан Мифтари практично сам го победи противникот со четири погодоци, откако Фортуна триумфираше со 4:1, а за гостинот погоди само Енсар Сулемани.

Беса Влазрими ги одмери силите со Ржаничино каде однесе победа од 3:0 со погодоците на Демири и Ајдини за 2:0 на полуреме и Фетаи во вториот дел за конечни 3:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!