Екипата на Беса 1976 од Добри Дол нема да биде дел од Втората македонска фудбалска лига во сезоната 2025/2026, потврдија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Клубот официјално доставил известување до ФФМ за повлекување од натпреварувањето, а од Федерацијата ја информираа јавноста за донесената одлука. Од Беса најавиле и формално образложение од Бордот на директори, кое ќе биде доставено во текот на денот.
ФФМ најави дека ќе ја разгледа ситуацијата и ќе донесе соодветна одлука за начинот на пополнување на испразнетото место во лигата. Конечната одлука ќе биде објавена најдоцна до утрешното извлекување на распоредот за новата сезона, закажано за 30 јули.
Доколку се одлучи за пополнување, за очекување е шансата да и биде доделена на екипата на Преспа, која беше единствената од трите поразени во баражите за ВМФЛ што отпадна по претходното извлекување, но конечната одлука за тоа ќе биде утре.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1 на домашен терен во Куманово, во последниот натпревар од деветтото коло...
Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...
Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...
Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...
Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...
По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...