Втора лигаФудбал

Коста Манев пред промоција во Беласица!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Беласица за новата сезона значително ја засилување одбраната со искусно и проверено име, со што значително ќе се подигне квалитетот на струмичани за новата сезона во Втора лига, која стартува на 23 август.

Како што дознава Спортска Мрежа во таборот на Беласица, предводена од искусниот стратег Александар Стојанов доаѓа искусниот Коста Манев.

32-годишникот во Беласица ќе пристигне од редовите на прволигашот Брера Струмица, а низ својата кариера настапуваше за Македонија ЃП и Вардар во македонскиот шампионат, додека пак во Финска настапуваше за неколку екипи, како и за Велез Мостар од БиХ и Ал-Халдија од Бахраин, па во Беласица ќе носи големо искуство.

Новото засилување ќе биде промовирано денес или во текот на утрешниот ден, дознава Спортска Мрежа.

Екипата на Беласица во новата сезона ќе атакува на местата за пласман во Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со втор пораз во Таранто, Косово славеше со 1:3

Женската сениорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто. По неуспехот против Турција на стартот, избраничките на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалерите до 15 години славеа со победа над репрезентацијата на Естонија на развојниот турнир во Струмица

Во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години, кој се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!