Втора лигаФудбал

Албан Шабани е ново засилување за Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Шкендија Арачиново продолжува со засилувања во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Ново име во таборот на скопскиот клуб е 21-годишниот крилен напаѓач Албан Шабани, кој доаѓа од редовите на Арсими.

Шабани игра на десната страна од нападот, а во црвено-белиот дрес се очекува да донесе брзина, дриблинг и ефикасност.

„Среќен сум што ќе се приклучам на Шкендија Арачиново. Ова е важен чекор за мене во кариерата и ќе дадам сè од себе“, изјави младиот офанзивец.

Во својата досегашна кариера, Шабани има настапувано за Работнички и хрватска Горица како младинец, а сениорски настапи бележи и во Воска Спорт. Како млад фудбалер имал можност да тренира и во академиите на гигантите Манчестер Сити, Арсенал и Севиља, што сведочи за неговиот талент и потенцијал.

Клубот од Арачиново претходно го назначи Љупчо Марковски – Калц за нов шеф на стручниот штаб, со амбиции за успешна сезона. Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август, а Шкендија Арачиново се подготвува со целосна посветеност и јасна визија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Погледите се насочени кон Радовиш: Што ќе донесе мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје на табелата?

Останува уште еден меч да се одигра за да се комплетира последното есенско коло во Втората лига, а со тоа и официјално да...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!