Втора лигаФудбал

Брегалница го доби Кожуф, Охрид, Македонија ЃП до три бода, реми во Струмица

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На Градскиот стадион во Штип се одигра дербито меѓу Брегалница и Кожуф, натпревар каде трите бодови беа императив и на двете страни. Брегалница на овој меч беше фаворит поради домашниот терен, формата и публиката, а исходот во Штип беше 1:0 за сините.

Одличен прв дел и на двете екипи со неколку шанси, но Брегалница со голот на Давид Стојков имаше водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел немаше погодоци.

Башкими како домаќин против Победа играше на Градскиот стадион во Гостивар каде домаќинот забележа триумф од 3:1 преку Хамза, Демири и Саити кои беа стрелци за Башкими, а за прилепчани гол даде Талески.

Беласица на домашен терен против Каменица Саса ја бараше првата победа во новата сезона, во меч кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица каде исходот беше 2:2.

На полувреме Беласица имаше предност од 2:1, откако Стојанов и Дебрешлиоски постигнаа погодоци за водство на струмичани од 2:0, а потоа Симевски постигна гол за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Чурлинов обезбеди бод за Саса, а Беласица пак остана без победа.

Во Велес се одигра меч на поранешните прволигаши Борец го пречека Скопје каде ремизираа двете екипи 2:2. За домаќинот стрелаа Османи и Јордановски, за гостинот Дани и Пашариковски.

На Градскиот стадион во Радовиш се соочија екипите на Детонит Плачковица и Вардар од Неготино каде исходот беше 1:1.

Радовишани преку Лука Трајкоски први дојдоа до водство, а потоа Трајкоски си постигна автогол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел немаше погодоци.

Ланскиот прволигаш Македонија ЃП на домашен терен играше против Осогово од Кочани, во меч каде „лавовите“ беа фаворити за трите бодови со триумф од 2:0 прелу Стоилов и Христов.

На „Билјанини Извори“ се соочија Охрид и Новаци, а победа преку пресврт однесе Охрид од 3:1. Торнески погоди за 0:1, а потоа Охрид преку Парталко, Дишлиевски и Попоски дојде до нови три бода.

На полувреме немаше погодоци, чисти мрежи за 0:0.

Вчера, како што веќе информираше Спортска Мрежа, Арсими вчера со 3:0 го доби Вардарски.

Следува репрезентативна пауза, а по истата ќе следуваат мечевите од осмото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!