Втора лигаФудбал

Георгиев, Коцев, Костов, Пеле, Робен… како ќе изгледа новата Брегалница?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Брегалница во комплетно нов лик ќе ја започне новата сезона во Втората лига со цел да се врати во елитата.

Штипскиот второлигаш доби нов турски инвеститор, доби нова управа и нов стручен штаб на чело со искусниот стратег Влатко Костов од Штип.

Веќе се поставуваат контурите на тимот и со тоа се наѕира како ќе изгледа новата Брегалница.

Новото раководство работи на враќање на фудбалерите од Штип кои во минатото го носеле дресот на Брегалница, што значи дека Брегалница ќе биде на штипски погон.

Дресот на „сините“ во новата сезона како што дознава Спортска Мрежа ќе го носат Анџело Николовски, Стефан Коцев, Стефан Костов, се враќа и Бобан Георгиев, потоа Дарко Алексовски – Пеле и Мартин Димоски – Робен, од претходната сезона од штипските фудбалери останува и младиот Благој Хаџи-Кимов.

Според тоа што го дознава Спортска Мрежа нови засилувања во Брегалница се Дамјан Масевски, кој требаше да биде засилување на Скопје, Горан Силјановски кој се враќа одново во Штип, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Благоја Спиркоски.

Како што дознава Спортска Мрежа клубот ќе има и нов голман, а од претходната сезона останува и капитенот Давид Калпачки, кој минатата сезона беше меѓу најдобрите во тимот.

ФОТО: Спортска Мрежа

На првата прес-конференција од клубот не соопштија кои се новите засилувања, ниту пак кои ќе бидат противниците за одигрување на пријателски натпревари, иако Спортска Мрежа дознава дека генералката ќе биде против Слога Виница на 19 август.

Како што најавија од клубот ќе има нова прес-конференција на која ќе треба официјално да се претстават новите засилувања во штипскиот второлигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!