Ракомет

Ројевиќ: Веднаш ја почувствував искрената желба и сериозната амбиција, што и ме привлече да дојдам во Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Грк Охрид официјално ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026. Имено, охриѓани имаат нов тренер, нови сериозни и квалитетни засилувања, скоро на сите позиции, сериозна желба и амбиција за постигнување уште поголеми успеси во новата сезона. Тие имаат нов проект во кој веруваат и сериозно се посветени да ја остварат својата цел.

Новиот тренер, Борис Ројевиќ вели дека веднаш ја почувствувал искрената желба, сериозната амбиција, како и големата љубов кон ракометот во градот, а и во земјата воопшто.. па вели и дека токму таа енергија била и пресудна за да одлучи да учествува во овој амбициозен проект:

Веќе при првиот разговор со луѓето од клубот, а особено со градоначалникот Пецаков, ја почувствував искрената желба, сериозната амбиција и големата љубов кон ракометот. Таа енергија веднаш ме привлече и беше клучна да ја донесам одлуката да дојдам во клубот, но и во земја каде што ракометот се доживува со толкава страст – можеби и најмногу на целиот Балкан.

Исто така, тој смета дека има квалитетна екипа на располагање, комбинација од искуство и младост, меѓутоа, како и на секој нов тим, потребно ќе му биде малку време додека се ,, склопат коцките“ на своето место:

Во новата сезона влегуваме со многу ентузијазам и мотивација. Тимот е значително променет – пристигнаа девет нови играчи и формиравме една сосема нова целина. Имаме квалитет, имаме добра мешавина од искуство и младост, но како и секој нов тим, ќе ни биде потребно време сè да дојде на своето место. Верувам дека од ден на ден ќе растеме.

Според него, македонската лига е, несомнено најсилна на Балканот, што значи дека неговата задача нема да  биде воопшто лесна, меѓутоа неговата цел е јасна- да изгради тим што ќе биде препознатлив по борбеност, заедништво и карактер:

 Македонската лига е без сомнение најсилна на Балканот. Пелистер игра во Лигата на шампиони, Вардар во европско натпреварување, а Алкалоид е актуелен освојувач на ЕХФ Европскиот Куп и оваа сезона игра квалификации за Европската лига. Тоа доволно зборува за квалитетот на натпреварувањето и предизвикот што е пред нас. Ние ќе одиме трпеливо, чекор по чекор, со вера во работата, стабилноста и поддршката што ја чувствуваме од луѓето и навивачите во Охрид. Нашата цел е јасна – да изградиме тим што ќе биде препознатлив по борбеност, заедништво и карактер. Верувам дека во текот на сезоната ќе успееме да го израдуваме нашиот град и нашата публика. – додава новиот тренер на ГРК Охрид, Ројевиќ.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!