Втора лигаФудбал

Кој може да биде лидер во Втората лига пред репрезентативната пауза?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Арсими со 3:0 славеше над Вардарски во воведниот меч со кое беше отворено седмото коло, а кое ќе се комплетира утре, со што тимот од Чегране е на врвот од табелата. Но, дали може Арсими да остане на врвот од табелата и кои екипи се во можност да застанат на врвот од табелата пред репрезентативната пауза?

Арсими е на врвот од табелата со 15 бодови, Брегалница е втора со 14 бодови, а пак Македонија ЃП и Башкими го делат третото место со по 13 бодови, на 5. место е Кожуф со 12 бодови. Овие екипи ќе бидат во трката за тоа кој да биде прв пред репрезентативната пауза.

Кој ќе биде лидер во Втората лига ќе се одлучува утре во Штип, во директен дуел на Брегалница и Кожуф. Македонија ЃП како фаворит ќе го пречека Осогово, па колку ланскиот прволигаш ја оправда фаворитската улога тогаш „лавовите“ се во позиција да избија на врвот од табелата, ако Брегалница се „сопне“дома.

Лесна задача би требало да има и Башкими, кој како фаворит во Гостивар ќе ја пречека екипата на Победа од Прилеп.

Доколку и Башкими ја оправда фаворитската улога тогаш второлигашот од Куманово би имал 16 бодови, колку што би имала и Македонија ЃП. Брегалница зависи сама од себе, ако триумфира над Кожуф може да биде на врвот од табелата со 17 бодови, во секој друг случај нема да може да биде прва.

  • ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Неколку комбинации се во игра околу тоа кој да биде прв пред репрезентативната пауза. Брегалница зависи сама од себе, а Македонија ЃП и Башкими ќе треба да ја оправдата фаворитската улога, и притоа секоја екипа ќе чека „кикс“ на конкурентите.

Standings provided by Sofascore

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!