Прва лигаФудбал

Струга го декласираше Вардар кој доживеа нов дебакл, Работнички победнички во Охрид за прво место!

Сподели
Сподели

Шампионот Струга Трим Лум се врати на победничките патеки откако денес на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со убедливи 1:4 го декласише Вардар, кој за шест дена доживеа нов дебакл.

Влајковиќ во 3. минута постигна гол за 0:1 а во 28. минута Босанчиќ постигна гол за 1:1. Во финишот на првиот дел Кампаоре постигна гол за 1:2. Во вториот дел Кампаоре постигна втор гол за 1:3, а во 74. минута Кехинде стрелаше за конечни 1:4 и голема победа за Струга, а нов голем пораз за Вардар кој е во долниот дел од табелата.

Во Кратово немаше погодоци откако Силекс и Шкендија ремизираа играјќи 0:0, за тетовци хендикеп беше што имаа играч помалку на терен, а во финишот остана и без уште еден играч. Погодоци немаше ниту во Битола каде ремизираа Пелистер и Тиквеш играјќи 0:0.

Работнички останува непоразен и понатаму откако во Охрид славеше со 0:2 над Воска Спорт, со што „романтичарите“ пред репрезентативната пауза ќе бидат на врвот од табелата во елитата.

„Романтичарите“ играа допадлив фудбал, имаат резултати за почит и сакаат титула за која чекаат една деценија.

На „Билјанини Извори“ на полувреме Работнички имаше водство од 0:1 со голот на Регба а во вториот дел Мазари погоди за конечни 0:2.

Гостивар во финишот прими гол од Беса за конечни 1:1 и поделба на бодовите. Гостивар и понатаму останува непоразен, а за Беса ова е голем бод. Домаќинот резултатот го отвори преку Ивановски во 61. минута дојде до водство од 1:0, а во 84. минута Скендери постигна гол за конечни 1:1.

Брера Струмица загуби на Чаир од Шкупи со резултат од 3:1. Домашниот тим преку Едмундсоон и Канда имаше рано водство од 2:0, а пак Ивковиќ погоди за 2:1 во 43. минута на полувреме.

Во вториот дел Ајетовиќ постигна гол во 73. минута за конечните 3:1 со што трите бодови останаа на Чаир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!