Турнири

Голич Пром со девет гола доминираше синоќа на „Малеш Куп 2025“, две победи за Еклектик

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал кој ја обединува Малешевијата продолжи со уште една незаборавна вечер! Публиката повторно беше сведок на спектакл – голови, атрактивни потези и тимови што ги зацврстија позициите за пласман во нокаут фазата.

Најзабележителен настап и понатаму има ОФК Карбинци Алфи, кои синоќа остварија две убедливи победи, а блескаше и тимот на Еклектик со две победи во еден ден!

  • Резултати од 22.07 (вторник):

Еклектик – Франкфурт Русиново 5:3
Лука Саунд – Голич Пром 2:9
Дивиен Казино – М-Младост 0:1
ОФК Карбинци Алфи – Митрашинци 4:1
ОФК Карбинци Алфи – ОФК Малеш Постоловски 4:0
Турбо Тим Марлон – Еклектик 0:2

На терените кај Старата Гимназија во Берово сè уште е неизвесно – неколку екипи веќе го најавуваат својот поход кон титулата, додека други ќе ја бараат шансата во последните кола од групната фаза.

Следете ја Спортска Мрежа, која и оваа година е официјален медиумски покровител на Малеш Куп – за сите резултати, фотки и видео моменти од турнирот што го живее цело Берово!

Возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал продолжуваат вечерва со нови пет натпревари на програмата, кои ветуваат динамична акција и многу голови!

  • Среда, 23 јули – Распоред на натпревари:

19:30
ДЕУТЗ ВИХ ДВОРИШТЕ – ГОЛИЧ ПРОМ
Отворањето на вечерната програма носи дуел со многу набиени емоции, во кој двете екипи ќе бараат важни бодови.

20:00
ОФК МАЛЕШ ПОСТОЛОВСКИ – ГОЛИЧ ПРОМ
Втор настап за ГОЛИЧ ПРОМ вечерва – ќе успеат ли да издржат физички и тактички против традиционалниот клуб од Берово?

20:30
ПАБ ДЕЛЧЕВО МОНОПОЛО – М – МЛАДОСТ
Делчевчани повторно на терен – овој пат против тимот М-Младост. Очекуваме отворен натпревар и многу шанси.

21:00
МИТРАШИНЦИ – ДЕУТЗ ВИХ ДВОРИШТЕ
Втор настап и за ДЕУТЗ ВИХ, кои ќе се соочат со неугодниот состав на Митрашинци. Интересен натпревар со потенцијални изненадувања.

21:30
ПАБ ДЕЛЧЕВО МОНОПОЛО – ДИВИЕН КАЗИНО
Денот ќе го заокружи уште едно дерби од Делчево – дали МОНОПОЛО ќе го издржи темпото во двојната програма?

Поддржете ги вашите омилени тимови и уживајте во квалитетен фудбал под рефлекторите на Малеш Куп!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!