Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен доби засилување од Азербејџан – Милана Рахимова пристигна во Тетово!

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Љуботен се засили со ново интернационално име пред европските предизвици – азербејџанската репрезентативка Милана Рахимова.

Станува збор за 21 годишна искусна дефанзивка која во Тетово доаѓа од турскиот клуб Унје Гучу. Со своето искуство и квалитет, Рахимова се очекува значајно да го зајакне последниот ред на тимот и да биде важна алка во амбициите на Љуботен на меѓународната сцена.

Првиот сериозен предизвик го очекува клубот на 30 јули, кога ќе се соочи со НСИ Рунавик од Фарските Острови на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионките. Натпреварите ќе се играат во Скопје, а при евентуална победа, Љуботен ќе се бори за пласман понатаму против победникот од мечот меѓу НСА Софија и Пјуник.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот Перпарими Нигиштан на домашен терен, во воведен меч од 5. коло...

Трета лигаФудбал

Превалец ремизираше со Бучин, прилепска Победа со ОСУМ гола во Пепелиште, трите бода заминаа во Крушево

Прилепска Победа продолжува да нижи големи победи во Трета лига регион 4 откако со 0:8 славеше над Победа во Пепелиште во меч од...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот...

Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!