Втора лигаФудбал

Фудбалскиот клуб Победа неизвесен за новата сезона: Што ќе биде со клубот?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Победа од Прилеп се наоѓа во длабока криза пред стартот на новата сезона. Поголем дел од фудбалерите го напуштија клубот, а дополнителен удар е и повлекувањето на акционерот кој со месеци водеше правна битка за сопственоста на акциите.

Со тоа, славниот прилепски клуб – поранешен шампион на Македонија – среде лето остана без конкретно раководство, без финансии, со сериозни долгови и практично без играчки кадар.

Се најавува формирање на одбор за спас на клубот, а сигурно ќе биде испратен и апел до стопанствениците и сите добронамерни субјекти за помош. Клубот ќе биде доверен на Општина Прилеп, која мора итно да воспостави контакт со идниот одбор и да пронајде начин за стабилизација.

Дополнителна грижа предизвикува фактот што Победа сè уште нема започнато со подготовки, иако првиот натпревар во Втората лига е на помалку од еден месец. Дали поранешниот македонски шампион ќе успее да состави конкурентен тим – засега останува неизвесно.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти и потврда за добриот старт на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово, кој требаше да се одигра денеска,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

Трета лигаФудбал

Саљиу и Селмани обезбедија висок триумф за Џепчиште против Градец

Со победата на Џепчиште од 1:4 над Градец беше отворено 5. коло...

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!