Втора лигаФудбал

Слога Виница ги започнува пријателски натпревари – денес прв текст со Тетекс

Сподели
Сподели

Второлигашот Слога Виница започнува со одигрување на пријателски натпревар со цел темпирање на формата за новата сезона во Втората лига, која ќе започне на 23 август.

Ова ќе биде пријателски натпревар на два повратници во Втората лига. Слога Виница по неколку години пауза се врати во Втора лига откако лани стана шампион во Трета лига – Исток и преку бараж ја совлада Преспа и се врати во второлигашкото друштво. Тетекс пак беше шампион во Трета лига – Запад минатата сезона, а во баражот преку пенали го совлада Големо Коњари и направи експресен кам-бек во Втората лига.

Овој пријателски меч се игра денес на Градскиот стадион во Виница со почеток од 17:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!