Трета лигаФудбал

Брендим Рушити најдобар стрелец во Трета лига – Запад, четири фудбалери со по три погодоци!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Запад, најдобар стрелец е Брендим Рушити, фудбалерот на Дрита со четири постигнати погодоци.

Четири фудбалери имаат постигнато по три погодоци. Филип Димитроски од ланскиот второлигаш Тетекс, Ментор Саљиу од Џепчишти, Харис Сулимани од Доброшти и Агон Хашими од Зајази.

По два погодоци имаат постигнато Арлинд Алији од Џепчишти, Арлинд Берзати од Камјани, Бетим Етеми од Доброшти, Албулен Имери од Влазерими, Младен Котевски од екипата на Напредок од Кичево, Ерен Мемеди од Камјани, Бајрам Мемеди од Велазерими од Слатино, потоа Бојан Михајловски од Вардар 2022 Брвеница, Ермал Саити од екс прволигашот Ренова, Меритон Салији од Тетекс и Хузри Џемаили од Дрита.

По три одиграни кола има и три автогола, а тоа се Дрин Рустеми од Џепчишти, Рефет Синани од Вардар 2022 од Брвеница и Изаир Фетаи од Ренова.

Овој викенд ќе бидат одиграни мечеви од четвртата рунда на Трета лига – Запад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!