Турнири

Во понеделник стартува 25. Меморијален турнир „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија

Сподели
Сподели

Во понеделник (14 јули) со почеток од 21:00 часот, населба Чардаклија во Штип повторно ќе стане центар на спортските возбудувањата, кога официјално ќе започне јубилејното 25-то издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ – еден од најпрестижните и најорганизирани турнири во мал фудбал во источниот дел од Македонија.

Турнирот, кој традиционално се игра во чест на прерано починатиот Влатко Петров, се одликува со врвна организација, фер атмосфера и висок натпреварувачки дух. Оваа година интересот за учество беше исклучително голем, а селекцијата на учесници заврши со формирање на 6 натпреварувачки групи со вкупно 24 екипи, кои ќе се борат за место во елиминациите и за дел од импресивниот наградeн фонд од 350.000 денари.

Натпреварите ќе се играат на спортскиот центар во населбата Чардаклија, под рефлектори и пред верната публика која секоја година го исполнува теренот со енергија и аплаузи. Екипата што ќе го освои првото место ќе биде наградена со 180.000 денари, додека за второто и третото место следуваат 100.000 и 50.000 денари, а дури и четвртопласираната екипа ќе добие 10.000 денари. Организаторите ќе доделат и индивидуални награди за најдобар стрелец и најдобар голман во висина од по 5.000 денари.

Турнирот годинава добива и дополнителна тежина – слави четврт век постоење, што за локалната спортска сцена претставува значаен јубилеј. Настанот е повеќе од само спорт – тоа е обединување на генерации, дружење, споменување и почит.

  • Групи на меморијалниот турнир „Влатко Петров 2025“:
Група А
1. Мршевци
2. Радање
3. Шкорпион
4. Кратово 1

 

Група Б
1. Чардаклија
2. Физиоарт
3. Електро ДМ
4. Multifix Битола

 

Група В
1. Freight One
2. Скопје 1
3. Матива
4. Puzzle

 

Група Г
1. Динамо Штип
2. СИЕР
3. Штерјов Credy
4. Хемија

 

Група Д
1. Агросмарт
2. Б.Р. Сашо ГИС
3. Џоле Транс Коп
4. Магна

 

Група Ѓ
1. Техногума
2. Компанија Атанасовски
3. Перо и Тајфата
4. Бако Транс

Како и изминатите три години, Спортска Мрежа е горд медиумски покровител на турнирот, со посветеност да ја приближи секоја вечерна фудбалска приказна до својата публика. Нашиот тим ќе биде присутен на секој натпревар, ќе известува за резултатите, ќе споделува фотографии, видео-содржини, анализи, изјави и емотивни моменти од Чардаклија – токму таму каде што фудбалот живее.

Останете со нас за најточни информации и ексклузивна покриеност од турнирот „Влатко Петров 2025“ – затоа што, како што велиме на Спортска Мрежа – македонскиот спорт е на едно место!

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!