Прва лигаФудбал

Српскиот интернационалец Петар Ристиќ е ново засилување на ФК Пелистер!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

ФК Пелистер го претстави своето второ засилување за претстојната сезона, ангажирајќи го српскиот интернационалец Петар Ристиќ, кој доаѓа од редовите на српскиот клуб Трајал Крушевац.

По официјалната промоција како нов играч на „зелено-белите“, Ристиќ даде изјава за клубската веб-страница:

„Голема чест ми е што го носам дресот на Пелистер. Свесен сум што значи овој клуб, и за мене тоа претставува голема одговорност.

Подготвен сум да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во остварувањето на заедничките цели.

Гледав снимки од последните дерби-натпревари и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе играм пред полни трибини, со безрезервна поддршка од навивачката група Чкембари.“

Со неговото доаѓање, Пелистер добива дополнителна сила во ростерот, додека клубот продолжува активно да се засилува во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Утре на стадионот Петар Милошевски во 17:00 часот ќе се одигра првиот контролен натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Струга Тим Лум.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!