ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски потпиша за ФК Сараево!

Сподели
ФОТО: ФК Сараево
Сподели

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е најновото засилување на босанскиот фудбалски великан ФК Сараево. Десниот бек со големо интернационално искуство пристигнува во редовите на клубот од хрватскиот првак Динамо Загреб, каде што ја носеше капитенската лента.

Ристовски стави потпис на договор до 2027 година, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона. Неговото доаѓање се смета за значаен потег во амбициозниот проект на Сараево, донесувајќи стабилност, искуство и лидерски квалитети во тимот.

Во досегашната кариера, 32-годишниот бек освои 13 трофеи – настапувајќи за Динамо Загреб и португалскиот гигант Спортинг Лисабон.

Ристовски има и 81 настап за македонската репрезентација, со што се вбројува меѓу најдоследните и најискусните фудбалери на националниот тим. За Ристовски имаше гласини да се врати во матичниот клуб Вардар, но тој се одлучи за ФК Сараево.

Овој трансфер е реализиран под водство на новиот спортски директор на клубот  македонецот Крсте Велковски, поранешен играч на Сараево. Велковски најави дека Ристовски не е последното засилување ова лето, и дека клубот работи на ангажман на уште неколку квалитетни фудбалери.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!