Турнири

Пријавувањето е во полн ек – над 300.000 денари награди на турнирот „Подареш 2025“!

Сподели
Сподели

Село Подареш и ова лето ќе биде епицентарот на спортските возбудувања во источна Македонија! Во тек е пријавувањето за второто издание на престижниот турнир во мал фудбал „Подареш 2025“, кое носи вкупен наградeн фонд од над 300.000 денари!

Натпреварите ќе се играат по систем 5+1 според футсал правила, а организаторите најавуваат уште поголемо и подобро издание исполнето со квалитетен фудбал, атрактивни екипи, прекрасна навивачка еуфорија и фер-плеј на високо ниво

  • Парични награди за најдобрите екипи:

Прво место – 150.000 денари

Второ место – 75.000 денари

Трето место – 35.000 денари

Четврто место – 20.000 денари

  • Индивидуални награди (по 5.000 денари):

Најдобар играч

Најдобар стрелец

Најдобар голман

Најдобар млад играч

Рокот за пријавување е до 2 август 2025, котизацијата изнесува 4.000 денари по екипа, а контакт за пријавување е 078/346-208 – Александар

Интересот е голем, пријавите се во полн ек, а конкуренцијата ветува спектакл! Не дозволувајте вашата екипа да остане надвор од овој голем фудбалски спектакл!

Спортска Мрежа како официјален медиумски покровител ќе го следи турнирот со извештаи, видеа и атмосфера директно од теренот во Подареш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!