Ракомет

Младост Богданци со ново засилување меѓу стативите – Костадиновски нов чувар на мрежата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот ракометен прволигаш Младост од Богданци не запира со засилувањата пред стартот на новата сезона. Шестото летно име во ростерот на амбициозниот клуб е голманот Кристијан Костадиновски.

Се работи за 23-годишен чувар на мрежата, висок 190 сантиметри, кој доаѓа од суперлигашот Радовиш. Со искуството од елитната конкуренција, Костадиновски треба да биде еден од клучните играчи во обидот на Младост да се врати на суперлигашката сцена.

Клубот веќе ја оформи новата структура на тимот, со именување на Горан Андоновски како предводник на стручното раководство. Неговиот син, Даниел Андоновски, е меѓу најзвучните засилувања ова лето, заедно со Гоце Аргиров, Никола Димитров, како и странските имиња Лазар Адамовиќ и Никита Соколов.

Младост Богданци влегува во сезоната 2025/26 со јасна цел – борба за елитниот статус и создавање конкурентен состав кој ќе може да се носи со најдобрите во македонскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!