Турнири

Фреинт Оне убедлив на турнирот во Конче, висока победа за Валентина Промет – утре стартува четвртфиналето

Сподели
Сподели

Со нови четири натпревари исполнети со борбеност и фудбалска драма, вечерва официјално заврши осминафиналната фаза на традиционалниот „Петровденски турнир“ во Конче.

Публиката и овојпат имаше што да види, а сега сите погледи се насочени кон четвртфиналните дуели што стартуваат утре (среда)

Фреинт Оне – Стивал Лубница 5:2

Екипата на Фреинт Оне демонстрираше зрелост и стабилна игра, победувајќи со сигурна разлика и обезбедувајќи четвртфинален билет.

Jаков Тобако – Фенербахче Кичево 0:3 (службено)

Екипата на Јаков Тобако не се појави на теренот, по што натпреварот беше регистриран со службена победа од 3:0 за Фенербахче Кичево.

Фенербахче Струмица – Ресторан Гринс 6:4

Еден од најинтересните и најефикасни мечеви досега. Двете екипи се менуваа во водство, но на крајот Фенербахче Струмица беше поискусна и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум.

Радио Имплус – Валентина Промет 0:3

Стабилен и тактички зрело одигран меч од Валентина Промет, која со оваа победа го комплетираше списокот на четвртфиналисти.

Турнирот е во организација на ФК Серта – Конче, а Спортска Мрежа како медиумски покровител обезбедува секојдневно покривање со извештаи, резултати, видео содржини и анализа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!