Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прв интернационален трансфер за Билјана Панеска – од ЖФК Тиверија Брера се сели во шампионатот во Грција!

Сподели
Сподели

Македонската репрезентативка Билјана Панеска на само 19-годишна возраст го оствари својот прв интернационален трансфер, со што направи голем чекор напред во својата фудбалска кариера. Панеска ќе ја продолжи својата кариера во Агја Параскеви од Грција, каде ќе има можност да се натпреварува на меѓународната сцена.

Панеска е родена на 30 август 2005 година во Струмица, а нејзината фудбалска приказна започнува на 11 октомври 2015 година кога стана дел од ЖФК Тиверија Брера. Таа помина низ сите возрасни категории во клубот – од кадетскиот, преку младинскиот до сениорскиот тим – и се изгради како клучна фудбалерка со силно присуство и примерен однос.

Во текот на изминатите години, Панеска беше дел и од кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Македонија, каде со својата посветеност и игра заслужено го носеше дресот со државниот грб.

„Покрај нејзините фудбалски квалитети, Билјана израсна во прекрасна девојка на која сме особено горди и остави огромен белег во досегашното постоење на клубот. Ѝ посакуваме многу спортска среќа и успех во новиот клуб“, велат од ЖФК Тиверија Брера.

Панеска со овој трансфер не само што прави голем личен исчекор, туку служи и како инспирација за сите млади девојки кои чекорат по патот на женскиот фудбал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!