Турнири

Стартуваа елиминациите на Петровденскиот турнир – Наум Техника и Фурна Марфи во четвртфинале

Сподели
Сподели

Со четири возбудливи натпревари, започна осминафиналната фаза на традиционалниот „Петровденски турнир“ во мал фудбал во Конче. Турнирот влезе во својата завршна фаза, а публиката на теренот под рефлектори уживаше во борбени и динамични натпревари.

  • Пешо Инженеринг – Наум Техника 3:6

Најголемото возбудување на вечерта го донесе овој натпревар, кој беше израмнет до самиот финиш. Сѐ до 36. минута резултатот беше 4:3, но Наум Техника ја искористи завршницата и со два брзи гола избори пласман во четвртфиналето.

  • Црна Река – Изведен Ораовица 3:0 (службено)

Екипата на Изведен Ораовица не се појави на теренот, по што мечот беше регистриран со службена победа за Црна Река.

  • Конче – Фурна Марфи 0:2

Дисциплиниран натпревар од двете страни, но Фурна Марфи успеа да постигне два гола во самиот финиш, доволни за пласман меѓу осумте најдобри.

  • Рент а Кар Меда – Скара Гоне 5:0

Уште една доминантна партија на Рент а Кар Меда, кои со сигурна игра и висока победа се приклучија во четвртфиналето.

Турнирот продолжува вечерва (вторник, 9 јули) со втората осминафинална вечер, на програмата се следните четири меча:

Фреинт Оне – Стивал Лубница

Фенербахче Кичево – Јаков Тобако

Фенербахче Струмица – Ресторант Гринс

Радио Имплус – Валентина Промет

Турнирот се одвива во организација на ФК Серта – Конче, а Спортска Мрежа како медиумски покровител обезбедува секојдневна покриеност – резултати и известувања до големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!