fot
Прволигашот ЖФК Истатов за новата сезона во Првата женска фудбалска лига претстави три нови засилувања. Се работи за младите фудбалерки Матеа Спасовска, Оља Лазовска и Мери Трајковска.
17-годишната Трајковска доаѓа од ЖФК Борец од Велес, која ќе има шанса да напредува во ЖФК Истатов и да биде дел од елитата на мак-фудбалот.
Лазовска има 17 години, доаѓа од младинските категории на ЖФК Скопје, а со неа ЖФК Истатов ја зголемува конкуренцијата во тимот.
Спасовска има 16 години, а во ЖФК Истатов доаѓа од соседот ЖФК Скопје.