Ракомет

МРК Куманово со засилувања и во стручниот штаб – Миодраг Јовановски нов помошник на Аце Станковски

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Македонскиот суперлигаш МРК Куманово покрај засилувањата на играчки план, активно работи и на комплетирање на тренерскиот и стручниот кадар за новата сезона.

Од клубот официјално потврдија дека кумановската ракометна легенда Миодраг Јовановски – Црни ќе биде дел од стручниот штаб на новиот тренер Аце Станковски.

Јовановски, со своето големо искуство и авторитет, ќе има важна улога во тренинзите на првиот тим, а соработката со клубот е логичен чекор по неговиот континуиран ангажман и придонес во развојот на кумановскиот ракомет.

Дополнително, Давид Стојковски и Христијан Димковски, двајцата млади, надежни и амбициозни тренери, ги продолжуваат договорите со клубот и ќе продолжат да работат во младинските категории. Тие се веќе препознатливи по одличната работа со најмладите ракометари, а резултатите кои ги постигнуваат во сите возрасни категории се доказ за нивниот квалитет и посветеност.

Со ваквата организациска поставеност, МРК Куманово потврдува дека е клуб кој се гради на здрави основи, не само со квалитетен прв тим, туку и со силна тренерска структура и континуитет во развојот на млади ракометни таленти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!