Прва лигаФудбал

Македонскиот фудбал оди чекор напред: Сертификати за ВАР судии

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Пред “Куќа” на фудбалот, во присуство на судиите, ВАР проектниот тим, replay операторите и едукаторите од ФИФА, свечено беа доделени сертификатите за првата генерација ВАР судии во Македонија.

Процесот траеше повеќе месеци, со интензивни обуки, практична работа и симулации, а кулминираше со серија тест натпревари со реална примена на ВАР системот.

Со поздравни зборови се обратија Дејан Јакимовски, проект лидер за имплементирање на ВАР систем  и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

“Ова не е само административен процес, туку резултат на месеци напорна работа и вистинска посветеност. Сакам да изразам голема благодарност до сите кои беа дел од овој процес, пред сè до нашите судии, кои прифатија нов предизвик и покажаа дека сме подготвени за следното ниво. Искрена благодарност до инструкторите од ФИФА за нивната стручност и несебичност, како и до нашите партнери, операторите кои беа клучни во техничката поддршка за функционирањето на ВАР системот. Голема благодарност и до Македонската радио телевизија за нивната техничка поддршка и координација, како и до судиската организација на ФФМ, која даде голем придонес во целиот процес и ја водеше работата на терен. И, секако, до претседателот на ФФМ кој уште од самиот почеток стоеше зад проектот и даде целосна поддршка за да стигнеме до тука. Не доделуваме само сертификати, туку градиме доверба во системот и правиме голем чекор напред за нашиот фудбал”, истакна во своето обраќање генералниот секретар на ФФМ.

Симболично, сертификатите им беа врачени од фудбалските великани Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими и Ѓорги Христов.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!