Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари до 19 години во група против БиХ, Романија и Турција на Балканијада во Бања Лука!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години ќе настапи на Балканскиот шампионат (БВА) кој ќе се одржи од 9 до 13 јули во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Нашите млади одбојкари ќе се натпреваруваат во групата А, заедно со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија.

Во групата Б се наоѓаат репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

Организаторот веќе го објави распоредот на натпреварите кои ќе се играат во спортската сала „Борик“ во Бања Лука. Македонија го започнува шампионатот на 9 јули против Босна и Херцеговина, во последниот термин од денот – со почеток во 20:30 часот. На 10 јули, од 15:30 часот, нашите надежи ќе се соочат со селекцијата на Романија, а групната фаза ќе ја затворат на 11 јули со натпревар против Турција, исто така во терминот од 15:30 часот.

Во зависност од пласманот во групата, на 12 и 13 јули ќе се играат полуфиналните средби, како и натпреварите за конечниот пласман, вклучително и финалето на шампионатот.

Нашата селекција со голема мотивација и амбиции ќе се обиде да остави силен впечаток на балканската сцена, покажувајќи го својот потенцијал и борбеност. Очекувањата се насочени кон пласман меѓу најдобрите и достојно претставување на македонската одбојка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!