Останато

Андреа Нисева ќе настапи на Светското првенство во борење до 17 години!

Сподели
Сподели

Македонската борачка Андреа Нисева, членка на Боречкиот клуб Олимпија од Штип, веќе ги одработува завршните подготовки за Светското првенство за кадетки до 17 години, кое ќе се одржи од 28 јули до 3 август во Атина, Грција. Нисева ќе настапи во категоријата до 61 килограм.

Подготовките се одвиваат во Софија, Бугарија, каде Македонката учествува во заеднички тренинг-камп со бугарската репрезентација. Овој камп претставува одлична можност за Андреа да го подобри своето физичко и техничко ниво преку интензивни тренинзи, спаринг средби со силни меѓународни противнички и ментална подготовка, со што целта е да влезе во врвна форма пред најголемиот предизвик сезонава.

Иако има само 17 години, Андреа веќе има богато искуство и бројни успеси на домашната и меѓународната сцена. Таа е повеќекратна државна шампионка, а минатата година го освои бронзениот медал на Балканското првенство. Исто така, настапуваше на Европскиот шампионат во Хрватска, како и на неколку престижни турнири во Србија, Бугарија и Турција, каде редовно се искачува на пиедесталот.

Андреа оди на Светското првенство со голема желба за успех и решителност да го даде својот максимум. Со силна поддршка и упорност , таа ќе се стреми да ги претстави боите на македонската боречка сцена на највисоко ниво.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

Останато

Историски успех за Лина Ѓорческа – избори учество на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва...

Останато

Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот

На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!