Прва лигаФудбал

Дефанзивецот Виктор Велкоски повторно во редовите на ФК Работнички!

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Работнички официјално го потпиша едногодишниот договор со дефанзивецот Виктор Велкоски, кој ќе биде дел од тимот во претстојната сезона.

Велкоски се враќа кај „романтичарите“ по неговиот претходен ангажман во сезоната 2019/20, со цел да ја засили конкуренцијата во одбраната пред стартот на новата сезона.

Ова засилување во тимот  е дел од стратегијата на клубот за создавање конкурентен ростер, со амбиција за висок пласман во домашниот шампионат.

Велкоски последно настапуваше за казахстанскиот клуб Туран, а пролетниот дел од сезоната го мина без клуб. Овој 29-годишен дефанзивец е производ на младинската школа на Вардар, а во својата кариера играше и за македонските клубови Пелистер, Љубанци, Скопје,прилепска Победа и Брегалница. Исто така, има настапи во странство за албанскиот Лачи и грчкиот Егиниакос.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!