Ракомет

ИХФ со четири нови ракометни правила од 1 jули 2025!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска официјално објави четири измени во постојните правила, кои стапуваат на сила од 1 јули 2025 година. Целта на овие промени е да се модернизираат правилата во согласност со динамиката на спортот и да се подобри ракометот за играчите, тренерите и навивачите.

Удар во глава при седмерец – повеќе не е директен црвен картон
Најзначајната промена се однесува на ситуациите кога голманот е погоден во глава. Наместо директен црвен картон, отсега ќе следува двеминутно исклучување, и тоа во следниве случаи:

  • Играч во отворена ситуација го погодува голманот во глава.
  • Играч го погодува голманот од седмерец, а голманот не ја движи главата кон топката.
  • При слободен удар по крајот на мечот, стрелец погодува одбранбен играч во глава, ако одбранбениот не се движи кон топката.

Измена при изведување почетен удар
Досега беше доволно играчот со едно стапало и топката да бидат во кругот.
Сега:

  • Судијата може да даде сигнал само ако целото тело на изведувачот и топката се целосно во кругот.

Појаснување на правилото за чекори
Новата дефиниција за „чекори“ гласи:

  • Играч смее да направи три чекори по примање на топката.
  • Ако ја фати додека е во воздух, првото стапнување не се смета како чекор.

Kонтакт со топка надвор од терен – слободен удар

  • Играч не смее да ја допре топката ако некој дел од телото му е надвор од теренот.
  • Секој ваков контакт ќе значи слободен удар за противникот.

Овие измени веќе беа тестирани на Светското првенство за младинци во Полска, и ќе се применуваат и на следните младински натпреварувања ова лето. Македонија ќе има свои претставници на Европското првенство до 19 години (ЕМОФ 2025) со машката и женската репрезентација, како и со кадетките и младинките на континенталните турнири во Црна Гора.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!