Трета лигаФудбал

Судијата Радески е херој: Му го спаси животот на фудбалер во натпревар од Трета лига – Запад

Сподели
Принтскрин: Saymon Sez Production
Сподели

Судијата Дарко Радески е херојот на мечот од 3. коло на Трета лига -Запад меѓу Речица и Доброшти кој заврши со минимална победа од 0:1 за гостинот.

Во 51. минута од мечот кога младиот фудбалер на Речица, ја избиваше топката со глава падна незгодна на тревникот, а судијата Радески кој беше главен арбитар веднаш препозна дека станува збор за сериозна ситуација и го прекина мечот, трчаше до младиот фудбалер роден 2004 година со цел да му укаже веднаш помош, при што ставајќи го на страна, и потоа му го извадил голтнатиот јазик од грлото.

Радески за Спортска Мрежа даде кратка изјава по овој немил настан, кој за среќа заврши во најдобар ред.

„Фала му на Господ што навремено го забележав играчи дека изгуби свест и што бев во неговата близина и веднаш реагирав“, рече Радески за Спортска Мрежа.

Младиот фудблер на Речица е во добра здравствена состојба и се е во ред со него. Трите бодови заминаа на контото на Доброште, но најважно беше здравјето на младиот фудбалер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!