Прва лигаФудбал

Анџело Николовски се раздели со Македонија ЃП, кариерата ја продолжува во нова средина!

Сподели
Сподели

Анџело Николовски кариерата ја продолжува во нова средина, откако не се договори со Македонија ЃП за продолжување на соработката и за новата сезона по промоцијата на „лавовите“ во Првата лига односно нејзиното експресно враќање.

Двете страни си посакаа среќа во своите цели, со благодарност за досегашната соработка, иако зад Николовски е успешна сезона со три погодоци и девет асистенции.

Како што дознава Спортска Мрежа, штипјанецот е на радарот на неколку екипи меѓу нив и прволигаши, па во следниот период се очекува тој да ја избере вистинската опција.

23-годишникот низ својата кариера покрај за Македонија ЃП, настапуваше и за Детонит Плачковица, Гостивар, Кит Го од Пехчево и матичната Брегалница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!