Втора лигаФудбал

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново го промовираше Христијан Коцев

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Екипата на Шкендија Арачиново продолжува со оформување на ростерот за новата сезона, а најново име во таборот е Христијан Коцев. Дваесет и петгодишниот фудбалер кој игра на позицијата лев бек и се очекува да донесе стабилност, искуство и нова енергија во дефанзивната линија на тимот.

Коцев зад себе има солидна кариера во македонскиот фудбал – настапуваше за неколку прволигашки и второлигашки екипи како Македонија Ѓорче Петров, Осогово, Кораб, Победа од Прилеп и Скопје. Освен на домашната сцена, Коцев има и интернационално искуство, играјќи за грчкиот клуб Панаргијакос, каде се покажа како сигурен избор во одбраната.

Со неговото доаѓање, Шкендија Арачиново добива играч кој комбинира младост и искуство, и кој може да биде клучен фактор во борбата за подобри резултати во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!