Втора женска фудбалска лигаФудбал

Шоу на Теодора Јанковска: Вардар го „распадна“ Слободен, Кочани слави над Плачковица!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВA
Сподели

Ланскиот вицешампион Вардар со 12:0 го „распадна“ дебитантот Слободен кој беше инфериорен противник, а свое шоу на натпреварот имаше Теодора Јанковска која со седум погодоци сама го победни новиот второлигаш.

Мила Наумовска постигна хет-трик, а два погодоци беа дело на Миа Закев.

Девојките на Теодора Димитровска одиграа меч на високо ниво со тотална доминација, победата беше за очекувања, но резултатот е потврда во големата разлика на квалитетот на двете екипи.

Фаворитот Кочани преку двата погодоци на Афродита Салихи стигна до триумф од 2:0 над радовишка Плачковица, во меч каде гостинот од Радовиш парираше одлично и пружи силен отпор, но сепак трите бодови остануваат дома.

Борец доживеа вистински потоп и „потона“ во Охридското Езеро, откако Билјанини Извори со 8:2 го декласираше велешкиот второлигаш.

По два погодоци за домашниот состав постигнаа Марија Давчевска и голгетерката Марија Јулчовска, по еден гол постигнаа Сара Матеска, Лабина Јаневска, Марија Танеска и Александра Алексиеска.

За гостинот од Велес стрелци беа Мери Трајковска и Весна Мијлојевиќ кој стрелаа во вториот дел од мечот.

Реми во Валандово и поделба на бодовите, откако Победа Валандово 16 и Порече одиграа 1:1. Леона Гулеска во 50. минута погоди за 0:1 и водство на гостинскиот тим од Македонски Брод, а само една минута подоцна Софија Чилевска постина гол за 1:1, резултат кој замрзна до крај и стана конечен.

Гостинскиот тим од Македонски Брод беше воден од Јована Блажеска која беше тренер на тимот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!