Во рамки на воведниот меч од третото коло ланскиот второлигаш Тетекс со 2:4 славеше над Зајази.
Резултатот беше отворен во 20. минута со гол од пенал со што домашниот тим прв стигна до водство откако Агон Хашими беше сигурен од белата точка. Во 34. минута Арѓенд Аљија постигна гол за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел од мечот Филип Димитроски со два погодоци во 48. и 55. минута погоди за комплетен пресврт и водсво на екипата на Тетекс од 1:3.
Зајази се врати уште еднаш во игра барем за реми откако Хашими со втор гол во 60. минута намали на 2:3. Сите дилеми околу победникот и трите бодови ги реши Меритон Салији, кој во 90. минута ги постави конечните 2:4.
Утре се игра дербито на двата поранешниот прволигаш Ренова против Напреодк, Камјани дома игра со Вардар Брвеница, Речица ќе биде домаќин на Доброшти, шампионот Влазерими против Дрита, а пак Велазерими Слатино ќе биде домаќин на Џепчишти.