Ракомет

РК Струга ја продолжи соработката со Филип Пајкоски и Ненад Костоски

Сподели
ФОТО: РК Струга
Сподели

Ракометниот клуб Струга го гради ростерот за новата сезона во Суперлигата, со повисоки цели откако стружани опстанокот во елитата го изборија преку бараж совладувајќи го прволигашот Мулти Есенс од Автокоманда.

Струга ги задржа Ненад Костоски и Филип Пајкоски и за следната сезона, откако двете страни се договорија на едногодишна соработка.

Костоски игра на позицијата лево крило, додека пак Пајкоски е кружен напаѓач.

Во следниот период Струга ќе промовира и нови засилувања, а работи и на продолжување на соработката играчите од претходната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Ударник реагира: На секое место во светот, оваа асистенција ќе беше кандидат за асистенција на годината, а не офсајд!

Третолигашот Ударник од Пирава го загуби натпреварот од Огражден во Ново Село со минимални 1:0, но по мечот веднаш излезе со соопштение во...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. Петтото издание на градската трка „Струмица на улица – Sunday run“...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!