Прва лигаФудбал

Дарко Анѓелески го продолжи договорот со Силекс!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Македонскиот фудбалер Дарко Анѓелески го продолжи договорот со Силекс и ќе остане дел од кратовскиот прволигаш и во новата сезона. Искусниот играч доби дополнителна чест, назначен е за нов капитен на екипата, која ќе настапува во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Силекс во првото квалификациско коло ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, а Анѓелески ќе ја предводи екипата како лидер на теренот.

Во изминатите три сезони во дресот на Силекс, Анѓелески запиша 82 настапи во Првата македонска фудбалска лига, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Со неговото искуство и посветеност, клубот очекува стабилност и лидерство во предизвиците што следуваат на домашната и европската сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид го подготвува европскиот спектакл, познати се цените на билетите!

Европската ракометна приказна на ГРК Охрид продолжува со нов предизвик во ЕХФ Европскиот Куп, а охриѓани ќе имаат можност од трибините во „Билјанини...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари во Трета лига регион 3 и со тоа дојде до тренерска...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!