Прва лигаФудбал

Искусниот Џелил Асани ново име во тимот на ФК Работнички!

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички го претстави своето ново засилување во одбраната, дваесет и девет годишниот Џелил Асани, кој официјално потпиша договор со клубот.

Искусниот стопер пристигнува како решение за празнините што се појавија по заминувањето на неколку играчи од првиот тим. Во последната сезона Асани настапуваше за Шкупи, каде одигра 24 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, постигна 3 погодоци и запиша 2 асистенции.

Зад себе има богата меѓународна кариера. Играше во Албанија за Билиш, Влазнија и Ерзени, а настапуваше и за клубови од Босна и Херцеговина (Рудар Приједор и Младост Какањ), Русија (СКА), САД (Питсбург), Узбекистан (Машал), Белорусија (Торпедо Жодино) и Малта (Пемброк).

Во македонското првенство, покрај Шкупи, го носеше и дресот на Металург и Велазерими.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Ударник реагира: На секое место во светот, оваа асистенција ќе беше кандидат за асистенција на годината, а не офсајд!

Третолигашот Ударник од Пирава го загуби натпреварот од Огражден во Ново Село со минимални 1:0, но по мечот веднаш излезе со соопштение во...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. Петтото издание на градската трка „Струмица на улица – Sunday run“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!