Прва лигаФудбал

Аргентинецот Мануел Куестас потпиша договор со ФK Вардар до 2029 година

Сподели
Сподели

Аргентинецот Мануел Куестас денес официјално стави потпис на четиригодишен договор со Вардар, за време на подготовките на клубот во Раденци, Словенија.

Дваесетгодишниот стопер пристигна во редовите на Вардар во Jануари годинава и во изминатиот период остави силен впечаток со своите фудбалски квалитети, дисциплина и посветеност на теренот. Неговото залагање и професионален пристап беа високо оценети од страна на стручниот штаб, што резултираше со заслужена доверба и долгорочен ангажман.

Иако досега немаше право на настап поради ограничувањата со бројот на странци во тимот, ова лето се отвора простор во ростерот и за него. Со тоа, Куестас конечно ќе може да го облече дресот на Вардар и да заигра на официјални натпревари.

Со потписот на Куестас, Вардар добива засилување на стоперската позиција и дополнителна стабилност во одбраната пред стартот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!