Ракомет

Радовиш отвара против Куманово, Алкалоид го пречекува Охрид, шампионот Еурофарм Пелистер против Бутел

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше извлечена ждрепката за новата сезона, а со тоа утврдување и на календарот за новата сезона.

Ждрепката посака шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата да ја започне против Бутел во Скопје, Радовиш ќе ја отвори сезоната против Куманово на гостински терен, а пак повратникот во елитата, екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Прилеп.

Алкалоид во Автокоманда ќе го пречека амбициозниот Охрид во рамки на првото коло, Струга сезоната ќе ја отвара против вицешампионот Вардар, додека пак Пролет ќе биде домаќин на Тиквеш од Кавадарци на стартот од сезоната.

Како што е познато последниот испаѓа директно во Првата ракометна лига, додека пак претпоследниот игра бараж за опстанок.

  • РАСПОРЕД 1. КОЛО СУПЕРЛИГА:

РК Прилеп – РК Еурофарм Пелистер 2
МРК Куманово – РК Радовиш
РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер
РК Пролет 62 – ГРК Тиквеш 2014
РК Алкалоид – ГРК Охрид
РК Струга – РК Вардар 1961

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!