Ракомет

Гоце Аргиров се враќа „дома“ – ново засилување за РК Младост 1977 Богданци

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци продолжува амбициозно да се подготвува за новата сезона, а во тој процес го потврди и ангажманот на млад и перспективен ракометар – Гоце Аргиров, кој ќе го засили тимот на левата крилна позиција.

Аргиров има само 19 години, но веќе стекна завидно ракометно искуство. Со своите 185 сантиметри висина, ќе биде вистинско освежување во редовите на тимот од Богданци. Доаѓа од прволигашот РК Астраион од Струмица, каде што настапуваше во изминатите четири сезони.

Интересно е што Гоце токму во академијата на Младост од Богданци ги направи првите чекори во ракометот, пред да замине во Струмица. Сега, практично, се враќа „дома“ и ќе потпише договор со Младост 1977 најмалку на една година.

Тој потекнува од селото Николич кај Дојран, и важи за играч со голем потенцијал, брзина и интуиција, а во клубот очекуваат брзо вклопување, како и значителен придонес во борбата за повисок пласман и влез во ракометната Суперлига.

Со ангажманот на Аргиров, Младост 1977 покажува дека има јасна визија за иднината – градење на млад, домашен, но квалитетен тим кој ќе биде конкурентен во секој натпревар.

Тимот од Богданци има амбиции за влез во Суперлигата односно враќање во елитата, а за таа цел го ангажираше и искусниот стратег Горан Андоновски од Охрид да го води тимот, а во следниот период се очекува промоција на повеќе ракометари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!