Ракомет

Тримо Требње наместо АЕК Атина, на охридскиот турнир ,,Крсте Андоновски“, оваа година

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Словенечкиот ракометен клуб Тримо Требње ќе настапи на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид како замена за грчкиот тим АЕК Атина.

Поради последните настани и суспензијата на АЕК од европските натпреварувања, тимот нема да биде во можност да учествува на турнирот, меѓутоа организаторите успеаја брзо да обезбедат респектабилна замена.

Тримо Требње, предводен од македонскиот тренер Раде Стојановиќ, ја заврши сезоната на третата позиција во словенечкиот шампионат и на овогодинешниот турнир во Охрид ќе игра во групата Б, заедно со Вардар, Еурофарм Пелистер и Динамо Панчево.

Четвртото издание на турнирот ќе се одржи од 19 до 23 Август ова лето, а ќе учествуваат осум екипи. Домаќинот ги очекува сите љубители на ракометот да дојдат и да уживаат во квалитетен ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!